Дома Фудбал Самуел Ето се враќа на голема врата

Самуел Ето се враќа на голема врата

Искусниот камерунски напаѓач Самуел Ето е на прагот да се врати во Италија.

Како што навеува Кориере дело Спорт, 37-годишниот фудбалер одржал преговори со челниците на Лацио и постои голема можност Камерунецот да го облече дресот на тимот од Олимпико во наредната сезона.

Ето во овој момент е член на турски Коњаспор каде што е соиграч на нашиот напаѓач Адис Јаховиќ.

Сепак, прашање е колку може со 37 години да игра во една од најдобрите лиги, но очигледно Лацио нема ништо против да го донесе како алтернатива за Чиро Имобиле.

Ето во два наврати играше во Серија А. Од 2009. до 2012. година го носеше дресот на Интер, а во сезоната 2014/15 играше за Сампдорија.

Во текот на кариерата играше за големи клубови, а настапуваше за Реал Мадрид, Барселона, Челси, Евертон…

Претходните три сезони играше во Турција за Анталиаспор и Кониаспор.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашароски со хет-трик за 22 минути, Илинден му даде шест гола на Перпарими

Илинден победи со 6-0 на гостувањето кај Перпарими, а Ален Јашароски ги постигна првите тр…