Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сампаоли: Чуствувам одговорност за промашениот пенал на Меси

Сампаоли: Чуствувам одговорност за промашениот пенал на Меси

Селекторот на репрезентацијата на Аргентина, Хорхе Сампаоли изјави дека Лионел Меси не треба да сноси одговорност за резултатите на Мундијалот во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Meси промаши пенал во натпреварот против Исланд (1:1), па Аргентина заостанува два бода во групата Д зад првопласираната Хрватска која ја победи Нигерија со 2:0.

„Кога ќе постигнеш гол во Аргентина, тогаш сите сме заслужни. Но кога Аргентина ќе изгуби тогаш само Лео е виновен. Мислам дека тоа не е чесно. Тоа е преголем притисок за еден играч. Морам да кажам дека јас се чуствувам одговорен за промашениот пенал на Меси“, изјави Сампаоли.

Аргентина не освоила светска титула уште од 1993 година. Пред четири години на Светското првенство во Бразил изгуби во финалето од Германија после продолженија со 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шокантно откритие: Меси по потекло не е Аргентинец и можел да заигра за најголемиот ривал!

Историчарот Фјоренцо Сантин со тригодишна истрага откри шокантни детали за потеклото на ле…