Тренерот на Севиља повторно отворено проговори за Мундијалот во Катар, пред последниот натпревар пред Светското првенство.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неговата Севиља ќе игра против Реал Сосиедад, а Сампаоли на прес-конференцијата пред овој натпревар испрати критики.




„Сега никој нема право да се жали, бидејќи тоа требаше да се реши многу порано. ФИФА одлучи Светското првенство да се игра на место каде што не треба, и на датуми кога не треба. Сето ова е за пари, се е бизнис“, изјави Сампаоли.




Светското првенство во Катар стартува за десет дена на 19. ноември и во периодот додека се игра паузираат фудбалските првенства.