Колумбискиот фудбалер, Јери Мина во јануарскиот трансфер период пристигна во Барселона од бразилскиот Палмеирас како засилување во дефанзивната линија во клубот од „Камп Ноу“.
Меѓутоа, иако пристигна пред неколку недели, Мина се уште не дебитираше за каталонскиот клуб, а како што сега стојат работите, изгледа дека тоа нема да се случи. Имено, Ернесто Валверде не е баш задоволен од игрите кој овој играч ги пружа на тренингот и поради тоа се уште не му укажа шанса.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Mundo Deportivo“ вчера објави дека Валверде сериозно размислва за тоа Мина да го испрати на позајмица во некој друг клуб, бидејќи во моментов не му е потребен. Не е познато дали Колумбиецот веднаш ќе ја напушти Барса и ќе се врати во Бразил или тоа ќе се случи на лето.
Валверде им кажал на управата на клубот дека Мина нема да дебитира се додека не ги задоволи неговите критериуми на тренингот. Изгледа дека колумбискиот дефанзибец би можел да ја напушти Барса пред некој да го очекува тоа. Но, се уште има шанси да се наметне на тренерот.