Дома Фудбал Англија Само тројца играчи оваа сезона ја одиграле секоја минута во Премиер лигата

Само тројца играчи оваа сезона ја одиграле секоја минута во Премиер лигата

За викендот беше одиграно последното 38 коло во Премиер лигата, а на крајот титулата ја освои Манчестер Сити со 98 бодови.

Во текот на целото првенство главната борба за титулата ја водеа Манчестер Сити и Ливерпул, а „граѓаните“ на крајот завршија пред клубот од „Енфилд“ со еден бод повеќе и така станаа првиот клуб после Јунајтед во 2009 година кој ја одбранил титулата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освојувачот на титулата беше решен во последното коло во кое Манчестер Сити славеше против Брајтон со 4:1.

Ливерпул така и покрај тоа што освои 97 бодови на крајот остана со „кратки ракави“, а колку немаа среќа зборува податокот дека со тој број на бодови би биле шампиони на Англија 25 пати во последните 27 сезони.

Наградата за најдобар стрелец оваа сезона ја поделија тројца играчи, Обамејанг, Салах и Мане кои постигнаа по 22 голови.

Поделени беа и уште некои индивидуални награди, но само тројца играчи можат да се пофалат дека ја одиграле секоја минута во 38-те натпревари оваа сезона. Станува збор за Србинот Лука Миливојевиќ од Кристал Палас, Бен Ми од Барнли и Конор Кади од Вулвс.

Кога ќе се соберат минутите во 90 одиграни натпревари се доаѓа до 3420 минути поминати на теренот, а на ова достигнување им честиташе и официјалната страна на Премиер лигата преку нејзиниот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…