Динамо Загреб е вистински фудбалски гигант за овие простори, но клубот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми може да се пофали и со сериозни успеси на најголемата европска сцена.
Во полуфиналето на Светското првенство Динамо Загреб ќе има четири фудбалери во репрезентацијата на Хрватска кои утре ќе играат против Аргентина. Претставници на Динамо се голманот Ливаковиќ, Оршиќ, Бруно Петковиќ и Јосип Шутало.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По бројот кој ги дава во полуфиналето Динамо е четврти, пред нив се само Баерн, Севиља и Атлетико. За пофалби е тоа што имаат повеќе играчи од повеќе европски гиганти.
Најбројни во полуфиналето се играчите на Баерн Минхен (шестмина), Севиља и Атлетико имаат по пет.