Реал Мадрид вечерва ја печека ЦСКА Москва во рамките на 6-то коло од Лигата на шампиони, а во стартниот тим се најде младиот Базилец, Винисиус Јуниор.
Имено, Винисиус на вечерашниот натпревар ќе се запише во историјата на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот стана трет најмлад фудбалер кој се нашол во стартниот тим на „кралскиот“ клуб во Лигата на шампиони. Винисиус има 18 години и 152 дена, а помлади од него биле само легендите Икер Касиљас и Раул Гонзалез.
Раул своето деби во Лигата на шампиони го имаше со само 18 години и 77 дена, додека Икер дебитираше на 18 и 117 дена.
Винисиус ова лето пристигна во Реал Мадрид и откако првите месеци играше за младинскиот тим, Солари го прекомандува во првиот тим.