Aнглискиот фудбал од наредната сезона повеќе нема да биде ист.
Фудбалската асоцијација на Англија конечно ќе им се придружи на останатите големи првенства и од наредната сезона во Премиер лигата судиите ќе имаат помош од ВАР технологијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Премиер лигата вчера потврди дека навивачите на стадионите ќе можат да ги видат судиските одлуки на судиите бидејќи снимката на спорниот детал ќе се прикаже на големите екрани.
„Премиер лигата одлучи на големите екрани да се објасни ВАР одлуката. Гледачите покрај тоа истото видео може да го гледаат преку апликација на својот мобилен телефон. За клубовите кои немаат големи екрани на стадионите, ВАР ќе биде во вид на порака на семафорите“, соопштено е од Фудбалската асоцијација на Англија.
Меѓутоа неверојатно звучи тоа дека само на „Енфилд“ и „Олд Трафорд“ гледачите не ќе можат да ја гледаат спорната ситуација.
Причината е единставна. Овие два стадиони не поседуваат големи екрани, туку само обични семафори и навивачите на овие тимови ќе нема да можат да ја гледат видео анализата.