Светското првенство во Катар започнува за само два дена, а Аргентина првиот натпревар го игра во вторник од 11 часот против Саудиска Арабија.
Непосредно пред почетокот на Мундијалот медиумите открија дека Меси е единствениот репрезентативец на Аргентина кој нема цимер, а причината била затоа што повеќе во селекцијата го нема Серхио Агуеро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Меси долги години ја делел собата со Агуеро кој беше приморан да ја заврши кариерата. Меси не сакал да прифати друг цимер, па затоа бил оставен сам во собата. Двајцата долги години беа дел од аргентинската селекција, почнувајќи уште од младинските категории.
Покрај Саудиска Арабија, Аргентина е во група уште со Мексико и Полска.