Дома Останати Тенис Само една победа го дели Ѓоковиќ до доминација каква што не се памети

Само една победа го дели Ѓоковиќ до доминација каква што не се памети

Новак Ѓоковиќ изминатиот викенд ја продолжи доминацијата и ја освои својата 40. мастерс титула.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светскиот рекет број еден во Париз го победи Григор Димитров со 2:0 во сетови и така ја потврди сигурнаата 399. недела на врвот на АТП листата.

Сега Ѓоковиќ е блиску до историја каква што досега не била видена во тенисот.

Имено, само една победа го дели најдобриот светски тенисер да ја потврди првата позиција до крајот на годината. До истата Новак може да стигне веќе на следниот турнир во Торонто каде што ќе има три шанси.

Со победа во Канада Ѓоковиќ би добил уште сигурни седум недели на врвот на АТП листата, однсоно до крајот на Австралија Опен.

Ѓоковиќ покрај овој рекорд сака да го сруши и рекордот на Џими Конорс по бројот на освоени вкупно титули во кариерата, Ѓоковиќ има 97. додека Конорс е на врвот со 107.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е во прилично неповолна позиција на новообјавената АТП лис…