Дома Фудбал Останато Само еден клуб се обидел да го купи Сколс од Манчестер Јунајтед

Само еден клуб се обидел да го купи Сколс од Манчестер Јунајтед

Иконата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс откри дека Интер бил единствениот клуб кој се интересирал за него.

Прославениот англиски фудбалер цела професионална кариера ја помина во Манчестер Јунајтед. Поради таквата лојалоност ретко кој клуб се обидел да го доведе. За тоа зборуваше и Сколс во разговор за „Би-Би-Си“. Сколс откри дека Интер бил единствениот клуб кој се обидел да го доведе пред 20 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Никогаш не добив информација дека некој клуб дошол по мене. Агентот кој ме застапуваше претходно ме контактираше додека бев на Европското првенство во 2000 година и ме праша дали сакам да одам во Интер. Тоа беше единствениот повик кој го имав. Потоа не слушнав ниту за еден друг клуб, а ниту менаџерот не ми кажа нешто за тоа. Играв за клубот за кој навивав, освојувавме трофеи, па така немав потреба од тоа“, објасни Сколс.

Во текот на кариерата Сколс за Манчестер Јунајтед одигра повеќе од 700 натпревари и освои бројни трофеи вклучувајќи ги и двата трофеи во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…