Дома Македонски спорт Мак фудбал Само Вардар знае како се победува во Велес! ?

Само Вардар знае како се победува во Велес! ?

Денес од 13:00 часот во Велес се одигра натпреварот помеѓу Борец и Вардар од првата македонска фудбалска лига.

Гледавме натпревар со повеќе шанси, посебно во првото полувреме. Борец доминираше во првото полувреме, искусниот Пеев ја пропушти најголемата шанса после една грешка во одбраната на Вардар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И како што обично се случува во фудбалот Вардар ги казни велешани за пропуштените прилики.

Завршницата од натпреварот во целост му припадна на Вардар. Прво Попзлатанов го отвори резултат во 80. минута, а во 91. Цватановски ги постави конечните 0:2.

За Вардар ова беше прва победа после серија од четири натпревари без триумф. Интересно е што од натпреварот на овие два тима минатата сезона на Градскиот стадион во Велес до денес никој не можеше да го победи Борец дома. За Борец ова е прв пораз дома сезонава. Изгледа само вардарци го знаат рецептот за победа на гости во Велес…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…