Дома Фудбал Само будалите забораваат на Р: Белингем испрати порака по победата над Штутгарт

Само будалите забораваат на Р: Белингем испрати порака по победата над Штутгарт

Во претходниот период се пишуваше за тензија во Реал Мадрид откако Бразилецот, Родриго остана во сенка на главните ѕвезди.

Медиумите во Шпанија почнаа да пишуваат новото напаѓачко трио на „кралевите“ нарекувајќиго со кратенката „БМВ“ (Белингем, Мбапе, Винисиус).

Родриго отворено зборуваше дека му пречи тоа што констатно се зборува за неговите тројца соиграчи, а тој е изоставен.

По вчерашниот натпревар против Штутгарт во Лигата на шампионите, тензијата се обиде да ја смири Џуд Белингем. На социјалните мрежи тој објави фотографија на која се сите четворица и дополни:

„Само будалите забораваат на Р“, напиша англискиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…