Дома Фудбал Италија Самдорија за спас на тренерот, Лацио за спас на сезоната

Самдорија за спас на тренерот, Лацио за спас на сезоната

По хаотичниот крај на нивниот натпревар во средината на неделата, Лацио падна на деветтото место на табелата во Серија А, па сега ќе се обиде да се врати на вистинскиот пат со победа над Сампдорија во недела.

Со само еден бод од последните три натпревари, Бјанкочелестите гостуваат на стадионот Луиџи Ферарис, додека Самп се уште се наоѓа близу зоната за испаѓање.

Лацио е очаен за победа


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Иако непостојаната форма под водство на Маурицио Сари изненади малкумина фудбалски експерти и познавачи на кариерата на менаџерот, Лацио ги почуствува нивните неуспеси на болен начин.

Примајќи вкупно осум гола на последните две средби, може да се каже дека тимот се распадна. Лацио прво беше поразен од Јуве со 0:2, па следеше пораз од Наполи со 4:0 минатиот викенд, пред да одигра крајно драматиен меч на домашен терен со Удинезе во четвртокот кој заврши 4:4.

Притисокот беше зголемен пред тој меч со Удинезе, но Лацио се најде во негатива од 1:3 на полувремето, пред да дојде до предност со голот на Франческо Ачерби во 79-та минута. И кога сите помислија дека Лацио ќе се врати на победите, сепак во 99-та минута тимот на Сари го прими својот 29-ти гол од 15 натпревари во Серија А.

Трпението во главниот град е при крај, па тренерот на Лацио ќе биде очаен за победа во недела. Сепак, Бјанкочелестите немаат победа на шест гостувања пред овој меч во Лигурија, а последен пат имаа подолга ваква серија на почетокот на 2014 година.

Самп имаше повисоки амбиции, но …

И покрај лошата форма на нивните колеги од главниот град во последно време, Сампдорија го пречекува Лацио во Мараси со само две победи од нивните последни 19 натпревари во Серија А против нив – вклучувајќи и пораз од 1:0 кога клубовите последен пат се сретнаа во Февруари.

Поранешната ѕвезда на Бјанкочелести, Антонио Кандрева, одигра повеќе натпревари (151) и постигна повеќе голови (41) во првата лига за Лацио отколку за кој било друг клуб, а крилниот напаѓач му асистираше на Маноло Габијадини за рано водство против Фиорентина во средината на неделата.

Сепак, тоа беше се од нивна страна. Уште по првиот дел оваа екипа веќе губеше со 3:1, онака како што заврши мечот.

Наоѓајќи се на 15-то место благодарение на нивното неодамнешно отскокнување по двете победи во серија над Салернитана и Верона – Самп моментално е далеку од последните три, но не може да биде задоволен со тешкиот почеток на тренерот Роберто Д’Аверса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…