Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Мишел Салгадо смета дека Ел Класико нема да го одлучи победникот во Ла Лига, и дека до крајот на сезоната има да се одигра уште многу натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, предноста на Барселона изнесува 11 бода во однос на Реал Мадрид, а Салгадо смета дека лигата нема да биде одлучена, без разлика како ќе заврши ова Ел Класико.
„И двата тима мора да победат во Ел Класико затоа што ова е натпревар на годината за навивачите. Секогаш клубовите одат на победа во ваквите натпревари. Ел Класико нема да ја одлучи титулата. Постојат осум реални бодови разлика помеѓу клубовите и што и да се случи Лигата сеуште ќе биде “жива“. Останува уште повеќе од пола сезона до крајот. Пред неколку недели зборувавме дека е можна бодовна разлика од 10 бодови, а сега гледаме дека е можно Реал да спушти на 5. Има уште многу натпревари до крајот. Постојат уште многу моменти на подеми и падови.“ – изјави Салгадо.
Да потсетиме, Ел Класико се игра во сабота од 13.00 часот на стадионот Сантијаго Бернабеу.