Мохамед Салах призна дека Лигата на шампиони е примарна цел за него оваа сезона, а освојувањето на „Златната копачка“ го става во втор план.
Салах оваа сезона постигна 40 гола и води во трката за „Златната копачка“, но Египќанецот тврди дека неговата главна цел е Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Убаво е чувството кога ќе се дадат толку многу голови. Мило ми е што можам да му помогнам на тимот. Нема да лажам дека размислувам за освојување на „Златната копачка“, но ако треба да изберам меѓу таа награда и освојување на Лигата на шампиони, дефинитивно тоа ќе биде трофејот во елитното натпреварување“, изјави Салах.
25-годишниот Салах оваа сезона има постигнато 30 гола на 32 меча во Премиер лигата.