Moхамед Салах и Ливерпул и понатаму преговараат околу новиот договор, но засега нема најави во кој правец тие течат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул во изминатите месеци ги продолжи договорите со едни од своите најважни играчи: Алисон, Ван Дајк, Арнолд, Мане и Фирмино, сега се чека Салах. Проблемот е во финансиските услови, Салах очекува да заработува повеќе од актуелниот договор.




Египкќанецот сака да биде вреднуван неговиот труд во изминатите пет години. Интересно е ако се погледне дека Марсијал во Јунајтед има поголема плата од Салах во Ливерпул.




„Јас сакам да останам, но се е во рацете на клубот. Управата знае што сакам, а тоа не се некои луди барања. Работата е што кога бараш нешто и тие ти нудат колку што мислат дека треба, така покажуваат вреднуваат се што си направил на теренот. Ова ми е петта година во клбуот. Ги сакам навивачите и тие ме сакаат. Кога во прашање е управата, тие знаат се и одлуката е во нивни раце“, изјави Салах.




Деталите не се познати, но според зборовите на Салах може да се заклучи дека барањата на Салах и она што го нуди Ливерпул се две различни работи.