Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах е убеден, ако „црвените“ победат на преостанатите четири меча во првенството, ќе ја освојат титулата во Премиер лигата.
„Црвените“ во моментов имаат два бода предност пред Манчестер Сити, но и натпревар помалку. Сепак, Салах верува дека „граѓаните“ нема да ги освојат сите бодови до крајот бидејќи имаат два тешки меча против Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека ќе бидеме шампиони ако ги победиме сите натпревари до крај. Треба да се фокусираме на тие мечеви и да се надеваме Сити да загуби бодови. Тоа што Сити игра добро може да ни помогне да бидеме поконцетрирани и да се претставиме подобро. Против Челзи не можевме да си дозволиме да загубиме бодови бидејќи знаевме дека Сити победи“, истакна Салах.
„Оваа сезона е потешка за мене бидејќи двајца или тројца противнички играчи се постојано до мене. Мане и Фирмињо исто така имаат одлична сезона и постигнуваат повеќе голови отколку претходната сезона. Тоа е така бидејќи противниците повеќе се фокусираат на мене, па тие имаат поголема слобода. Среќен сум за нив. Ние сме тим и сме сконцетрирани околу нашите цели“, додаде Египќанецот.
Ливерпул во последните четири меча му гостува на Кардиф и Њукасл, а на „Енфилд“ ги пречекува Хадерсфилд и Вулверхемптон.