Дома Фудбал Англија Салах самоуверен: Споредете ме со било кој и ќе видите дека сум најдобар

Салах самоуверен: Споредете ме со било кој и ќе видите дека сум најдобар

Moхамед Салах беше прогласен за најдобар фудбалер во Англија во традиционалната анкета помеѓу новинарите и тоа му е секако драга награда.

За најдобар новинарите го прогласија и во 2018 година, а тој смета дека наградата која му е сега доделена завршиле во вистински раце. Според него нема подобар на неговата позиција во овој момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салах игра на десната позиција во нападот и постигна 30 голови, додаде уште 16 асистенции во 48 натпревари за Ливерпул оваа сезона. Кога ќе се погледнат само бројките во Премиер лигата Салах има 22 гола и 14 асистенции во 34 натпревари.

„Споредете ме со било кој друг играч на мојата позиција, не само во мојот тим туку во целиот свет и ќе видите дека сум најдобар. Секогаш сум посветен на мојата работа и се трудам да бидам најдобар, бројките кои ги постигнувам се доказ за тоа што го зборувам“, изјави Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал ја прослави титулата, Анчелоти направи шоу🎥

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид ја прославија шампионска…