Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах призна дека се уште ја сака Рома и секојдневно е во комуникација со поранешните соиграчи од таборот на „волчицата“.
Меѓутоа, вечерва Салах ќе треба да се исправи пред својот поранешен клуб во дуел од полуфиналето во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Овој натпревар ќе биде многу емоционален за мене. Секој ден комунициран со бившите соиграчи, вчера се слушнав со Франческо Тоти. Нема да ми биде лесно. Го сакам тој клуб, го сакам тој град и знам дека сите таму ме сакаат мене“, изјави Салах.
„Поради тоа ќе ми биде многу тешко. Ги познавам добро, игравме заедно две години, но и тие знаат како играм јас. Поради тоа ќе ми биде уште потешко“, заклучи Египќанецот.