Дома Фудбал Англија Салах: Погодените стативи не се важни додека тимот победува

Салах: Погодените стативи не се важни додека тимот победува

Ливерпул вчера беше поразен на „Енфилд“ од Интер, за „црвените“ тоа беше прв пораз дома во Лигата на шампионите. Сепак нема да го паметат долго затоа што го обезбедија пласманот во следната фаза.

Интер победи со 1:0, а Ливерпул помина благодарение на триумфот од 2:0 во првиот натпревар. Во овој натпревар Ливерпул имаше прилика и да постигне гол, Салах погоди две статива. Египкќанецот не се оптеретува со тоа премногу.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Две стативи? Нема врска, најважно е што поминавме. Следниот пат можеби ќе бидат три гола. Таквите работи се помалку важни додека тимот победува. Во овој натпревар можеби влеговме со преголема самодоверба. Ова е добар натпревар од кој можеме да извлечеме некои поуки. Имавме две стативи и пречка, тоа се случува во фудбалот. Најважно е што останавме во натпреварувањето и што се уште можеме да ги освоиме Лигата на шампионите и Премиер лигата“, изјави Салах.

За Ливерпул ова беше прв пораз во елитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ остана без еден од најважните фудбалери против Баерн?

ПСЖ се соочува со голем проблем пред полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн. Во…