Дома Фудбал Лига на шампиони Салах: Не го потценив Реал кога кажав дека сакам да играм против нив во финалето

Салах: Не го потценив Реал кога кажав дека сакам да играм против нив во финалето

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека му посакувал да игра против Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите и желбата на крајот му беше исполнета.

„Кога кажав дека би сакал да играм против Реал Мадрид во финалето, некои луѓе тоа го протолкуваа погрешно, мислеа дека го потценувам Реал. Зборувам за најсилниот тим во историјата на Лигата на шампионите и тоа го велам поради она што се случуваше претходно. Натпреварот ќе биде тежок, но нашиот тим веќе победи во големи натпревари против силни тимови и знаеме како треба да играме. Многу сум возбуден поради финалето и се надевам дека ќе успееме да победиме“, изјави Салах.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На „црвените“ им претстојат два исклучително важни натпревари, последното коло од Премиер лигата во кое играат против Вулверхемптон, а потоа и финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Сакам Сити да загуби или реми за да можеме да ја освоиме титулата. Разговараме меѓу себе во тимот и сите сме возбудени. Оваа ситуација се случи пред две години и станаа шампиони. Сите сме оптимисти. Мора да победиме и да видиме што ќе се случи“, изјави Салах.

Ќе потсетиме, финалето во Лигата на шампионјите е закажано за на 28. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…