Дома Фудбал Останато Салах дома си направил фудбалски терен, соседите открија што најчесто вежба

Салах дома си направил фудбалски терен, соседите открија што најчесто вежба

Клубовите во Англија со полна пареа се спремаат за продолжување на сезоната.

Екипите од Премиер лигата минатата недела започнаа да тренираат во тренинг центрите после скоро два месеци пауза. Исто така сите 20 клубови денес гласаа за да се овозможи тимовите да преминат на втора фаза од тренирањето, односно играње 11 на 11.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа е јасен показател дека англиските клубови сакаат што побрзо да се вратат на теренот. Но, одредени играчи и покрај заедничките тренинзи вредно работат и во нивните домови.

„Сан“ пишува дека Мохамед Салах е во одлична физичка форма бидејќи дома си направил мал тренинг центар. Салах зад неговата куќа има огромен двор кој го претворил во фудбалски терен. Неговите соседи за медиумот тврдат дека тој секојдневно тренира.

Еден од соседите откри и дека Салах поставил и голем гол за да вежба слободни удари и пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…