Дома Останати Кошарка НБА Сакраменто победи 40 разлика и за првпат по 17 години ќе игра во плеј-оф! 🎥

Сакраменто победи 40 разлика и за првпат по 17 години ќе игра во плеј-оф! 🎥

Кошаркарите на Сакраменто изминатата вечер обезбедија плеј-оф во НБА лигата и така за првпат по 17 години ќе играат во разигрувањето.

До обезбедување на плеј-офот Сакраменто стигна откако со 40 поенио разлика го декласираше Портланд (120:80). На шест натпревари пред крајот на регуларниот дел Сакраменто има скор од 46 победи и 30 порази и веќе е со обезбедено место во плеј-офот каде што последен пат играше сезоната 2005/2006.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најзаслужен за ваквиот успех се генералниот меназер Монте Мекнер кој успеа да состави одличен тим во последните години. Тој ги донесе Тајрис Халибартон и Киган Марин, а во размена пристигнаа Домантас Сабонис и Кевин Ертер. Најефикасен во победата против

Битката за плеј-офот ја продолжи и Лејкерс кој со 110:121 беше подобар од Чикаго Булс. Ентони Дејвис беше расположен и запиша дабл-дабл со 38 поени и 10 скока, додека Леброн уфрли 25 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Милвоки 136:149, Бруклин – Хјустон 123:114, Њујорк – Мајами 101:92, Филаделфија – Далас 116:108, Чикаго – ЛА Лејкерс 110:121, Мемфис – ЛА Клиперс 132:141. Оклахома сити – Детроит 107:106, Сан Антонио – Јута 117:128, Феникс – Минесота 107:100, Портланд – Сакраменто 80:120.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…