Легендарниот тренер на Милан, Ариго Саки беше исклучително критичен кон „росонерите“ после поразот во градското дерби од Милан.
Милан влезе во голема криза и серија на лоши резултати, па Пиоли за дербито реши да ја промени формацијата и играше со пет фудбалери во дефанзивната линија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Милан повеќе не е тим. Тоа се виде најмногу во првото полувреме. Интер не играше протов противник, туку против спаринг партнер. Милан само трчаше за противникот и секогаш каснеше. Промената на формацијата создаде конфузија и го избриша сето што беше градено последните години“.
„Колку удари во голот направи Милан? Нула. Тоа беше монолог на Интер, на кого не му беше тешко да доминира. Интер ја предводеше играта бидејќи Милан му дозволи да игра така“, изјави Саки.
🎙️🗣️ Arrigo Sacchi on #InterMilan: “Moving to the five-man defence, Pioli created confusion and canceled the last few years of work….Milan is no longer a team. Inter played against a sparring partner.” [GdS] #Milan pic.twitter.com/TyOduvQp1Y
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) February 6, 2023