Светската фудбалска федерација, ФИФА објави дека првото Светско клупско првенство со 32 ќе се одржи во САД.
Тоа е планирано за летото 2025 година откако клубовите ќе ја завршат старата и ќе се подготвуваат за новата сезона. Веста ја потврди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Светското клупско првенство во 2025 година ќе биде врвот на елитниот клупски фудбал, а со потребната инфраструктура, заедно со локалниот интерес САД ќе биде идеалниот домаќин за почеток“, изјави Инфантин
За многумина овој формат на Светското клупско првенство е еден вид одговор на барањата за формирање на Суперлига. Светското клупско првенство ќе се одржува и една година пред Мундијалот во САД, Мексико и Канада кој ќе биде првиот со 48 репрезентации.
Планирано е да учествуваат 12 екипи од Европа, шест од Јужна Америка и по четири од Азија, Африка и Средна/Сверна Америка, една од Океанија и домаќинот.