Фудбалерот на Баерн, Садио Мане за прв пат проговори за конфликтот со соиграчот Лерој Сане.
Сенегалецот го удри Сане во лицето во соблекувалната по убедливиот пораз од Манчестер Сити (0:3) во четврт-финалето на Лигата на шампионите во април годинава.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Такви работи може да се случат меѓу играчите и ни се случи. На крајот успеавме да го решиме тој мал проблем. Решавањето на проблемите е добро, но можеби не на овој начин“, изјави Садио Мане.
Имаше најави дека Мане ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната, но засега нема индикации дека предвреме ќе го раскине тригодишниот договор со Баварците.
„Сега се е зад нас. Ќе се обидеме заедно да се бориме за да му помогнеме на клубот да ги постигне своите цели за следната сезона“, вели поранешниот играч на Ливерпул.
Сенегалецот истакнува дека бил свесен дека ќе му треба време да се прилагоди на новата земја, лига и клуб.
„Сезоната беше тешка и не бев изненаден, очекував се да биде малку потешко. Сето тоа е нормално“.
Поради споменатиот конфликт Баерн го казни Мане со 500.000 евра. Подоцна Сане побарал од управата на клубот да не го раскинува договорот со Сенегалецот.
Мане минатата сезона одигра 38 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна 12 гола, од кои 25 во Бундеслигата (седум гола).