Дома Фудбал Англија Сабота сепак не е одлучувачка за Мурињо, Португалецот добива „кредит“ од – седум натпревари!

Сабота сепак не е одлучувачка за Мурињо, Португалецот добива „кредит“ од – седум натпревари!

Иако одредени медиуми во Англија објавија дека менаџерот на Манчесте Јунајтед, Жозе Мурињо може да добие отказ во случај на лош резултат против Њукасл, тоа изгледа нема да се случи.

Според информациите на реномираниот „Дејли Мејл“, Мурињо од раководството добил многу повеќе „кредит“. Споменатиот медиум тврди дека судбината на Мурињо ќе биде одлучена во наредните – седум натпревари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа пред Португалецот е тешка задача бидејќи Јунајтед има и тоа како тежок распоред во наредниот месец.

„Клубот знае дека одредени работи треба да се променат. Исто така знаат дека сме само на почетокот на октомври и дека многу важни натпревари се пред него. Може да се случи, ако Њукасл дојде и победи со 3:0 да биде крај, но се поизгледно е дека ситуацијата ќе се решава после натпреварот против Манчестер Сити. Ако се помине како што треба, Жозе ќе остане и после Божиќ“, изјавил извор од клубот за „Дејли Мејл“.

Наредните седум натпревари на Манчестер Јунајтед.

06.10 – Њукасл – Д

20.10 – Челзи – Г

23-10 – Јувентус – Д

28.10 – Евертон – Д

03.11 – Бурнемоут – Д

07.11 – Јувентус – Г

11.11 – Манчестер Сити – Г

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…