Дома Фудбал Русите ја тужата поранешната ѕвезда на Барса – бараат 40 милиони!

Русите ја тужата поранешната ѕвезда на Барса – бараат 40 милиони!

Рубин Казан поднесе тужба до ФИФА против поранешниот фудбалер Алекс Сонг и од него бара отштета од дури 40 милиони евра.

Русите тврдат дека бившиот играч на Барселона и Арсенал еднострано и самоволно го раскинал договорот. Африканецот потпиша за Рубин летото 2016 година, а го напушти во јануари оваа година.

Покрај 40 милиони отштета, која наводно е регулирана со договорот, Рубон бара и суспензија за 30-годишниот камерунски фудбалер.

Сонг во Русија имаше договор според кој заработуваше 4 милиони евра по сезона до 2021 година, но го раскина после само 18 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…