Новинарот Сергеј Новков од рускиот „Спорт“ објави досега непознати детали за иднината ракометниот тим на Вардар.
Наводно Сергеј Самсоненко им открил дека нема да дозволи целосен распад на европскиот шампион. Во Вардар предизвикаа бура заминувањата на Криштопанс и Атман, меѓутоа и покрај тоа ракометарите го победија Мотор и го обезбедија пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Дополнителни заминувања како што потврдија и Чупиќ и Стоилов нема да има, а од Русија пристигнуваат и уште малку добри вести.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на овој медиум Самсоненко им дал нотарски гаранции на сите играчи дека сите плати ќе им бидат исплатени до 31. мај. Наводно станувало збор за седум плати.