Дома Фудбал Англија Руни: Со Роналдо редовно одевме во Мекдоналдс

Руни: Со Роналдо редовно одевме во Мекдоналдс

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, откри интересни деталу околу професионалноста на Кристиано Роналдо кога заедно играа на „Олд Трафорд“.

Португалецот е познат како спортист кој големо внимание посветува на своето тело, тренинзите и исхраната, но не било секогаш така.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Со Кристиано, кога прв пат дојдов во Манчестер, на натпреварите и на тренинзите одевме заедно. Се сеќавам ноќта пред натпревар застанувавме до Мекдоналдс бидејќи сакаше да јаде Биг Мек. Се обидуваше да качи тежина бидејќи беше многу слаб. Јас возев, па со автомобилот поминувавме да му купам Биг Мек“, открива Руни.

„Навистина не знам како му успева да се одржува во таква форма со четири деца. Од една страна, го имате Роналдо кој изгледа како милион долари, а од другата страна сум јас кој никогаш немал најдобро тело, но можам и сега да играм 90 минути и да тренирам секој ден. Немам физички проблеми, кога ќе имам, кога ќе престанам да играм фудбал“, додаде Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…