Дома Фудбал Англија Руни: Сити на Пеп Гвардиола нема шанси со „непобедливиот“ Арсенал во 2004. година

Руни: Сити на Пеп Гвардиола нема шанси со „непобедливиот“ Арсенал во 2004. година

Капитенот на Евертон, Вејн Руни истакна дека Манчестер Сити е сеуште не е меѓу најдобрите клубови во историјата на Премиер лигата и треба уште доста да се потруди за да стане дел од тие екипи.

Победата на „Граѓаните“ над Тотенхем влера од 4:1, по која направија 14 бодови позитива во однос на Манчестер Јунајтед и Челзи, предизвика еуфорија во светската и островската јавност која е фасцинирана од резултатите од екипата на Пеп Гвардиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руни не негира дека во овој тим има доста талентирани фудбалери кои се во добра форма, но смета дека „Граѓаните“ се уште не напрравиле ништо за да ги сметаат за најдобар тим во историјата.

„Не сум сигурен дека Сити е на тоа ниво. Мораат да продолжат вака, но и да направат уште многу за да се сметаат за најдобар тим во историјата на Премиер лигата. Низ историјата, имаше доста големи клубови во Англија, а овој тим на „Граѓаните“ мора да освојува трофеи и тоа во долг временски период за да бидат најдобри“, истакна Руни.

На прашањето кој во него е најдобриот тим во Англија од секогаш, Руни вели:

„За мене е тоа Јунајтед од 2008. година“.

Исто така, Руни не верува дека Манчестер Сити на Гвардиола ќе успее да ја повтори „непобедливата“ сезона на Арсенал и да остане без пораз во 38 натпревари.

„Мислам дека не можат да издржат сезона без пораз. Фантастично играа изминатите натпревари, но сега почмнува божиќната серија која е исклучително напорна и која е најтешка во Премиер лигата. Имаат броен играчки кадар, добри фудбалери, но постои уште топ тимови во лигата за разлика од минатата сезона, кога само два тима победуваа редовно. Сигурен сум дека „Граѓаните“ ќе изгубат неколку натпревари со екипите од топ шест“, заклучи фудбалерот на Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…