Дома Фудбал Руни: Посакував да играм за Барселона

Руни: Посакував да играм за Барселона

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни откри дека пред 10 години посакувал да потпише за Барселона и да игра заедно со Меси.

Руни во 2010. година беше пред заминување од Олд Трафорд, поднесе и барање за трансфер, но на крајот се предомисли и остана во Манчестер.

„Во тоа време Барселона, Реал Мадрид, а мислам дека и Манчестер Сити беа заинтересирани за мене, но тие никогаш не беа опција. Сакав да играм за Барселона, но поблиску бев до трансфер во Мадрид.“ – рече Руни и додаде:

„Се сеќавам еден ден седнав и размислував „замисли да играм во тој тим на Барселона заедно со Меси, Чави, Иниеста и Бускетс. Сепак, на крајот се предомислив и одлучив да потпишам нов петгодишен договор со Јунајтед.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА оваа недела во сите натпревари ќе оддаде почит на жртвите на поплавите во Непал

Сите три натпреварувања во организација на УЕФА започнуваат оваа недела. Пред да започнат …