Дома Фудбал Останато Руни: Кејн е затвореник на Тотенхем, тешко дека ќе замине

Руни: Кејн е затвореник на Тотенхем, тешко дека ќе замине

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни даде свое мислење за трансфер сагата со Хари Кејн кој се поврзува со Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Кејн со Тотенхем има важност од уште една година. Баерн изгледа како да е најконкретен и веќе испратија две понуди беа одбиени, последната беше вредна 70 милиони евра.

Свој коментар сега даде и Руни.

„За Кејн би било идеално да се пресели во Манчстер Јунајтед. Сепак, мене ми изгледа како да е затвореник на Тотенхем, тешко дека ќе замине“, изјави Руни.

Со Кејн во своите редови, за Јунајтед драстично би се зголемиле шансите за победи и трофеи.

„Ако Јунајтед го имае Кејн, нивните шанси за титулата драстично ќе се зголемат. Останува да видиме дали тоа ќе се случи“, смета екс-напаѓачот на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Колку заработи судијата Славко Винчиќ на Светското првенство?

Словенечкиот арбитер Славко Винчиќ имаше чест да суди на најголемиот фудбалски натпревар г…