Бундеслигата е веќе освоена, финалето на Купот обезбедено, а Карл Хајнц Румениге сега го сака и трофејот во Лига на шампиони.
После големиот триумф над Леверкузен и пласманот во финалето во Купот, извршниот директор на Баерн не крие дека ја сака тројната круна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сакаме да го задржиме фокусот на Лигата на шампиони и полуфиналето кое се игра следната недела.Ако во овој момент постои тим кој може да го победи Реал Мадрид, тоа е сигурно Баерн“, изјави Румениге.
Румениге ја пофали и партијата на Баварците во полуфиналето од Купот против Баер Левекузен.
„Навиивачите на Баерн се во рајот во последно време и потполно ги разбирам.Се чини дека постоечкиот кадар поседува неверојатен квалитет, и може да прави што сака на теренот, а тоа не импонира“, тврди Румениге.