Искусниот француски напаѓач, Карим Бензема (34) одигра фантастичен натпревар во средата и со хет-трик донесе победа за Реал Мадрид против Челзи од 3:1.
Најлесен гол кој го постигна Бензема беше третиот кога Менди катастрофално реагираше, а потоа стоперот Рудигер беше несигурен и на Французинот кој игра во врвна форма не му беше тешко да погоди на празен гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рудигер сега се соочува со критики. Имено, впечатокот е дека Германецот премногу меко интервенираше. Поранешниот англиски репрезентативец Габриел Агбонлахор е убеден дека Рудигер реагирал на овој начин за да избегне повреда која би можела да го упропасти неговиот трансфер на лето.
На крајот на сезоната Рудигер ќе стане слободен играч и се очекува да го напушти „Стенфорд Бриџ“, за неговиот потпис се борат гиганти како Барселона, Баерн, Јувентус и Реал Мадрид.
„Знам дека пасот на Менди беше лош, но Рудигер се плашеше да интервенира и да го спречи голот за да не се повреди. Кога е веќе спремен ваш трансфер, сигурно не сакате да се повредите и се да расипете“, изјави Агбонлахор.
Edouard Mendy allows Benzema to score hattrick against Chelsea pic.twitter.com/JTH1nMQaDf
— McCarthy Media (@gmccarthy97) April 6, 2022