Дома Фудбал Англија Рудигер: Мбапе не е на нивото на Меси и Азар!

Рудигер: Мбапе не е на нивото на Меси и Азар!

Германскиот репрезентативец и член на Челзи, Рудигер смета дека Меси е најдобар фудбалер на светот, а веднаш после него доаѓа Еден Азар.

Рудигер, упати и комплименти за тинејџерот Килијан Мбапе, но потенцираше дека тој се уште не е на нивото на најголемите светски ѕвезди.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Килијан Мбапе е неверојатно брз играч. За да го сопрете морате да делувате како тим, еден играч тешко може да се избори со него. Но за мене најдобар играч во светот е Лионел Меси, а веднаш зад него е Еден Азар“, изјави Рудигер.

Германецот потоа изјави дека е изненаден од одличниот старт на сезоната со Челзи.

„Искрено, изненаден сум колку добро ја започнавме сезоната, особено поради тоа што Азар и Канте ни се приклучија доцна поради обврските на Светското првенство. Импресивно стартувавме“, заклучи Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…