Дома Фудбал Останато Рудигер им се приклучи на Ето и Дрогба: Зарем Африканците се животни? Срамно!

Рудигер им се приклучи на Ето и Дрогба: Зарем Африканците се животни? Срамно!

Стоперот на Челзи, Антонио Рудигер им се приклучи на Ето и Дрогба во критиките за француските доктори кои зборуваа дека можно е со лекот за Ковид-19 да се експериментира во Африка.

Професорот Жан-Пол-Мир, шефот на клиниката за интезивна нега во болница во Париз изјави: Мислам дека можеме да направиме испитување во Африка каде што нема маски, лекувања и реанимација“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вториот професор Камил Лохт се сложи со него.

„Во право сте. И ние паралелно размислуваме за Африка како можна дестинација за тестирање на оваа вакцина. Тоа е чувствителен процес кој треба да започне. Сериозно размислуваме. Тоа не значи дека паралелно нема да размислуваме за студии во Европа и Австралија“, зборуваа неодамна двајцата доктори.

„Вие сте го*на! Африка не е ваша за да си играте со неа“, гласеше реакцијата на Самуел Ето.

Дрогба пак беше нешто поблаг во критиките.

„Незамисливо е да прифатиме вакво нешто. Најостро ги осудувам ваквите расистички ставови. Помогнете ни, спасете ги животот во Африка и запрете го ширењето на вирусот во целиот свет, а не да не гледате како експериментални глувци. Ова е апсурдно. Афричките лидери имаат обврска да се заштитат од вашите вакви планови“.

На нивните критики се приклучи и Рудигер.

„Ми беше потребно некое време за да пронајдам зборови за овие луѓе. Двајца француски доктори на ТВ предложија експеримент со вакција за Ковид-19 во Африка. Како Африканците да се животни? Срамно! Ова е расизам на најголемо можно ниво“, напиша Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави нема да биде тренер, но ќе остане во Барселона?

Чави Ернандез минатиот месец објави дека заминува од тренерската позиција на Барселона на …