Дома Фудбал Роџерс има клаузула во договорот: Може да замине од Лестер поради Арсенал

Роџерс има клаузула во договорот: Може да замине од Лестер поради Арсенал

Раководството на Лестер може да биде принудено да го пушти менаџерот Брендон Роџерс, доколку тој посака да се пресели во Арсенал, откриваат медиумите на Островот.

Имено, Роџерс во договорот со „лисиците“ има ослободителна клаузула, па може да го напушти клубот за 14 милиони фунти.

„Топџиите“ се во потрага по нов тренер после отказот на Емери, а Роџерс е на врвот на листата желби, но доколку сакаат да го донесат на „Емирати“ ќе мора да платат 14 милиони фунти.

Под водство на Роџерс, Лестер игра фантастична сезона и е втор во Премиер лигата по одиграни 13 кола.

Меѓутоа, стратегот нема намера да го напушти „Кинг Пауер“ стадионот.

„Во однос на поддршка, Лестер можеби не одговара на некои од најголемите клубови во оваа земја. Меѓутоа, кога сте среќни во клубот и имате група на луѓе со кои сакате да работите, тогаш не гледам смисла да барате нешто вакво на друго место. Верувам дека можеме да постигнеме многу со Лестер“, изјави Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волтемаде го спаси Јувентус, па откри: За пеналот прво го прашав Коло Муани

Јувентус остана без победа против Рен (2-2), а Ник Волтемаде откри како ја презел одговорн…