Дома Топ вести „Росонерите“ на „шопинг“ во Монте Карло – Уште два потписи за повторно СИЛЕН Милан !

„Росонерите“ на „шопинг“ во Монте Карло – Уште два потписи за повторно СИЛЕН Милан !

Новата управа на Милан беше дочекана со скептицизам и претпазливост, а би можела лесно да заслужи љубов и доверба на навивачите на „паднатиот“ гигант.

Кинеските сопственици и нивните луѓе кои ги превзедоа работите во клубот работаат со полна пареа претходниве денови и им фалат уште два потписа да ја комплетираат сликата на потполно новиот Милан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Потпишан е Мусакио од Виљареал како втор стопер со Ромањоли кој долго се чекаше. Франк Кеси ги помина сите тестови и се чека само официјалната промоција. Следната недела Рикардо Родригез од Волфсбург пристигнува на прегледи и потпис на договорот. Блиску е и Лукас Билја од Лацио кој се договори за условите и платата од 2,5 милиони евра годишно, и Милан и Лацио сега во преговорите ги дели само разликата од 4 милиони евра. Продолжен е договорот и со менаџерот Монтела.

Меѓутоа, недостасуваат уште неколку коцки за да се комплетира мозаикот на новиот Милан кој за почеток во следната сезона ќе треба да се врати во Лигата на Шампионите.

Недостасуваат двата најважни потписи – голман и напаѓач!

Милан има голман, но како да го нема со оглед на ситуацијата со договорот на Донарума. Со месеци се шпекулира што ќе биде во преговорите околку новиот договор на најталентираниот голман во светот, а целата приказна ја кочи Мино Раиола кој најмалку одговара дека Донарума ќе остане во Милан. Меѓутоа, играчот има желба, а денеска и официјално започнале преговорите.

Директорите на Милан, Фасоне и Мирабели пристигнаа во Монте Карло каде што вечерва ќе ги започнат преговорите со Раиола. Првата понуда од пред неколку недели која Раиола не го задоволи изнесуваше 2,5 милиони евра по сезона. Сега е подигната на 4,5 милиони евра. На состанокот ќе присуствува и Донарума кој не сакаше парите да ги става во прв план и побара малку време да размисли и да разговара со семејството. Милан сака одговор што побрзо… Или потпис или Донарума на трибини цела следна сезона, а потоа и да го напушти клубот без надомест. На никому не му оди во интерес таков расплет. Освен можеби на Раиола. Постои оптимизам дека оваа понуда е понуда која Донарума ќе ја прифати … Раиола инсистира и на откупната клаузула во договорот.

Другиот голем потпис би требало да биде напаѓачот кој ќе го замени Карлос Бака. Прва опција е Алваро Мората од Реал Мадрид. Милан му понудил 8 милиони евра по сезона за пет години, улога прва опција во нападот и играчот веќе се согласил. Директорите на Милан во сабота ќе бидат во Кардиф и ќе го гледаат финалето во ЛШ. Таму ќе биде и агентот на Мората, Лопез и по натпреварот би требало да започнат официјални преговори со управата на Реал. Милан е подготвен да одвои 60 милиони евра за надомест, Реал претходно побара уште десет милиони повеќе, но би можел да се согласи и на оваа понуда.

Доколку ги осигура потписите на Мората и Донарума, со веќе договорените засилувања, Мусакио, Кеси, Родригез и Билја, Милан би добил шест силни стартери. Со Ромањили, Сусо и Бонавентура кои ќе преживеаат во првиот состав, тоа ќе биде тим каде што ќе фалат уште двајца играчи.

Некој ќе ги замени Делофеу на крилото и Де Шиљо на десниот бек. Милан го сакаше Кеита Балде од Лацио, но тој ќе треба скапо да го платат и за него е заинтересиран Јувентус. Затоа се преговара со Аталанта за Папу Гомез кој одигра сезона од соништата во Аталанта. Компетирањето на тимот би требало да биде откако ќе се одржат преговорите со Аталанта за десниот бек Андреа Конти. Неговата цена е околку 20 милиони евра, а Милан нуди околку 15 милиони.

Ако завршат сите овие планови, Милан би му сервирал на Монтела тим кој не би имал проблеми да се пласира во ЛШ. А со парите од ЛШ, подоцна се би било полесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…