Дома Фудбал Лига на шампиони „Росонерите“ и „Топчиите“ со една нога во осминафиналето, Батчуаи во одлично издание за Дортмунд

„Росонерите“ и „Топчиите“ со една нога во осминафиналето, Батчуаи во одлично издание за Дортмунд

Во рамки на Лига Европа во терминот од 19:00 се одиграа седум натпревари.

Борусија Дортмунд славеше над Аталанта со 3:2 на домашен терен. Резултатот го отвори Шурле во 30. минута, и со тој резултат се замина на полувреме. Иличиќ во само 5 минути направи резултатски пресврт на стартот од второто полувреме, а „Милионерите“ изедначија преку Батчуаи во 65. минута. Во финишот, односно во 91. минута погодокот на победа на Дортмунд го постигна Батчуаи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милан на гости пак, славеше над Лудогорец со 3:0. Стрелци на погодоците беа Кутроне во 45., Родригез во 64. минута и Борини во 92. минута од мечот.

Марсеј со идентичен резултат славеше над Брага. Во 4. минута резултатот го отвори Гермен, кој повторно беше стрелец и во 69. минута, а последниот погодок го постигна Таувин во 74. минута.

Ница и Локомотив Москва осиграа 2:3. Балотели во првиот дел беше на два пати стрелец за домашните, а негативата ја намали Фернандес во 45. минута. Потоа Фернандес уште два пати во вториот дел стрелаше за пресврт и победа на гостите.

Арсенал на гости кај Остерсундс славеше со 3:0. Монреал го отвори мечот во 13. минута, а автоголот на Папагинопулус го зголеми водството на „Топчиите“. Конечниот резултат на мечот го постави Озил во 58. минута.

Во последните два меча Реал Сосиедад ремизираше со Салзбург, а Атлетик Билбао со 1:3 славеше на гости кај Спартак Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Премиерлигаш со ултиматум до хрватски клуб: Бара да го променат логото!

Англискиот премиерлигаш Брајтон & Хоув Албион испрати писмо до хрватскиот нисколигаш …