Дома Фудбал Останато Роналдо се враќа во фудбалот, станува претседател на шпански прволигаш

Роналдо се враќа во фудбалот, станува претседател на шпански прволигаш

ronaldo

Се навикнавме да го гледаме на теренот, а за неколку недели Роналдо Назарио да Лима ќе има нова улога и тоа – претседател!

Познатиот Бразилец кој два пати беше светски шампион (1994 и 2002) ќе ја превземе функцијата прв човек на Ваљадолид и на тој начин ќе се врати во шпанскиот фудбал каде што некогаш го носеше дресот на Барселона и Реал Мадрид.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Според информациите од Шпанија за сума од 30 милиони евра Роналдо ќе ја превземе функцијата од сегашниот претседател Карлос Суарез Суарде и на тој начин ќе ги исплати долговите на повратникот во Примера кои во овој момент се проценуваат на 25 милиони евра.

И претходно Роналдо беше заинтересиран за вложување се споменуваа Тенерифе и Гетафе, а се очекува целата зделка да биде официјализирана во текот на претстојната репрезентативна пауза.

Ваљадолид имаше понуди од Кина и Јужна Америка, меѓутоа понудата на Роналдо била најдобра, а и јасно што Бразилецот значи кога е маркетингот во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…