Дома Топ вести Роналдо: Сакам седум деца и седум „Златни топки“

Роналдо: Сакам седум деца и седум „Златни топки“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо призна дека има намера да има седум деца, но и седум „Златни топки“.

Роналдо пред неколку дена го доби четвртото дете, а се очекува дека за еден месец ќе ја добие и 5-та „Златна топка“ бидејќи е прв фаворит за нагрдата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум и се чувствувам одлично, морам да останам мирен и да продолжам да работам, бидејќи очигледно дека можам подобро. Вие гледате во мене како во гол машина, како некој кој секогаш мора да постигнува голови. Ги прифаќам критиките, но не се согласувам со нив. Треба да се гледа дали играм добро или не, а не само дали постигнувам голови“, изјави Роналдо.

Од друга страна Роналдо е најдобар стрелец во Лигата на шампиони и има постигнато 6 гола на четири натпревари.

„Не се плашиме од никого. Ние ја браниме титулата која ја освоивме два пати со ред, тоа мора да се респектира. Нашата цел е да завршиме први во групата, но секак најважно е да се квалификуваме“, изјави Роналдо, а потоа зборуваше за работите надвор од теренот.

„Сакам седум деца и исто толку Златни топки. Тоа не значи дека тука ќе застанам. Се додека играм сакам да освојувам се што е можно. Мојот сон во моментов е 5-та Златна топка, а наредната година ќе биде и 6-та“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…