Кристиано Роналдо во декември 2022 година си замина од Манчестер Јунајтед, а една од главните причини беше несогласувањето со Ерик тен Хаг.
Португалецот не заборава, па денес отворено го нападна менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу работи треба да се променат во Манчестер Јунајтед, но искрено ме разочара тренерот. Кога си тренер на клуб како Јунајтед, не можеш да излезеш пред новинарите и да кажеш дека не можеш да се бориш за пехарите во Премиер лигата и во Лигата на Шампионите“.
„Ова е Манчестер јунајтед, тим што секогаш се бори за трофеи, не смееш да се предадеш без борба. Мораш да си ментално силен, дури и доколку нема потенцијал, да кажеш дека ќе сторите се, ќе се борите на секој меч. Едноставно е, мора да се обидеш, никогаш не смееш да се предадеш без борба како што тоа го стори овој тренер“, изјави Роналдо.