Дома Фудбал Роналдо предводел група „бунтовници“ во Манчестер Јунајтед

Роналдо предводел група „бунтовници“ во Манчестер Јунајтед

Група играчи на Манчестер Јунајтед уште во февруари разговарале со тогашниот менаџер на тимот Ралф Рангник и побарале Хари Мегваер да биде отстранет од тимот, пренесува „Атлетик“.

Меѓу нив, најгласен бил Кристиано Роналдо, кој ја предводел групата на играчи во која биле Пол Погба и Рафаел Варан.

Португалската ѕвезда го изразил своето категорично мислење дека треба да игра во напад со двајца фудбалери и капитенот на тимот да биде исфрлен од тимот по серијата лоши настапи.

Сепак, пораката била игнорирана, а Рангник изјавил дека го смета разговорот за несоодветен бидејќи бил воден во отсуство на самиот Мегваер, кој немал можност да се брани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…