Дома Фудбал Останато Роналдо после големиот јубилеј: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене (фото)

Роналдо после големиот јубилеј: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене (фото)

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпреварот беше во центарот на вниманието поради Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо во финишот на натпреварот успеа да го ублажи поразот на својата репрезентација кога постигна гол од пенал. За него ова беше голем јубилеј бидејќи тоа беше негов 700. погодок во кариерата.

„Не секој може да ја достигне таа бројка. Благодарност до моите соиграчи и тренери кои ми помогнаа да станам играч каков што сум. Разочаран сум што не победивме, но горд сум на тимот. Не бркам рекорди, тие самите ме наоѓаат. Без опсесија, тие самите доаѓаат“, изјави Роналдо.

Роналдо головите ги постигна настапувајќи за Спортинг Лисабон, Манчестер Jунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и репрезентацијата на Португалија, а подолу може да ја видете комплетната графика на сите голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како гром од ведро небо! Роналдињо повторно на теренот во 46. година, ќе игра во Италија!

Додека Светското првенство се одржува во САД, Мексико и Канада, пристигнува неочакувана ве…