Дома Фудбал Роналдо под знак прашалник за дебито на Рагник

Роналдо под знак прашалник за дебито на Рагник

Кристиано Роналдо е под знак прашалник за дебито на Ралф Рагник на клупата на Манчестер Јунајтед.

Роналдо се пожалил на болки во коленото и поради тоа е неизвесен за утрешниот натпревар против Кристал Палас. Според информациите од Островот, ситната повреда Роналдо ја заработил при прославата на вториот гол против  Арсенал.

Рагник на клупата на Манчестер Јунајтед ќе дебитира утре пред домашната публика на „Олд Трафорд“ против Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте: Се засрамив против Арсенал, а потоа го најдов шампионскиот Челси

Поразот во лондонското дерби го натерал Конте да го смени системот. Следувале 13 победи по…