Ѕвездата на Реал Мадрид и официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо изјави дека кога би морал да ја заврши карирата, би се пензионирал среќен бидејќи освоил сѐ што има за освојување.
Роналдо е во Реал Мадрид од 2009 година. Досега има одиграно 425 натпревари за „кралевите“ во кои има постигнато неверојатни 434 голови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо во кариерата освои се што можеше да се освои, притоа има пет „Златни топки“ за најдобар фудбалер на светот.
„Не сум можел ни да сонувам дека ќе освојам пет Златни топки. Кога би морал сега да ја завршам кариерата, тоа би го направил со задоволство и среќен бидејќи освоив сѐ. Ако освојам уште една, две или три Златни топки би бил одушевен. Но, и да не освојам, не е проблем, веќе имам пет“, истакна Роналдо.
Португалскиот репрезентативец нагласи дека нема веќе ниту едно достигнување во фудбалот за кое сонува да го оствари.
„Постигнав се што сум сонувал во фудбалот. Навистина сметам дека имам постигнато толку убави нешта, што веќе не сонувам за ништо. Ако ме прашате дали сакам да продолжам да победувам, секако дека сакам. Секако дека би сакал да го освојам Светското првенство, но ако мојата кариера заврши во овој миг, би се гордеел со себе. Никогаш не сум помислувал дека мојата кариера ќе биде толку добра“, искрен е Португалецот.