Реал Мадрид во вчерашниот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите славеше победа против Пари Сен Жермен (3:1), а во оваа победа се исткана првата ѕвезда на „кралевите“ Кристиано Роналдо.
Роналдо во победата на својот тим постигна два погодоци, а еден беше дело на Марсело.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Против Пари Сен Жермен постигнав два погодоци и со тоа и помогнав на екипата да победи, но знаеме дека се уште ништо не е готово“, изјави Роналдо.
Португалецот го постигна 101 гол во Лигата на шампионите за Реал Мадрид и така стана првиот фудбалер со 100 погодоци во елитното натпревување во дресот на еден клуб.
Реваншот е закажан за 6 март на „Паркот на принцовите“ во Париз.
„Мораме да одиме на победа и во реваншот. Ќе се обидеме да постигнеме гол за да зголемиме притисокот и така да се пласираме во ¼ финалето“, заврши Португалецот.