Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денес ремизираа на свој терен против Евертон (1:1) во натпревар од седмото коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ до предност стигнаа во 43. минута од натпреварот кога Марсијал погоди за 1:0, но Евертон во 65. минута дојде до 1:1. кога мрежата на домаќините ја затресе Таусенд. Роналдо натпреварот го започна од клупата што беше изненадување, а шанса доби во последниот половина час.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, овој пат Роналдо не успеа да постигне гол и да донесе победа на својот тим и после натпреварот беше разочаран од резултатот. Додека одеше кон тунелот камерите го снимија Португалецот кој не го криеше разочарувањето.
😳 The frustration on the face of Cristiano Ronaldo. Not happy.
— Football on BT Sport (@btsportfootball) October 2, 2021
Straight down the tunnel at full-time. pic.twitter.com/LtZqxKopQZ